Египќанецот Хасан Мустафа претседателот на Светската ракометна федерација (ИХФ), е здрел да замине во пензија оти прави се повеќе гафови ! Најновиот е на затворањето на 25. Светско првенство за жени каде не занеше на крајот иако ги гледал мечевите за распределба на медалите кој е конечениот редослед на мундијалот, па беше исвиркан од гледачите кои ги имаше 4.316 во шпанскиот град Гранољерс.
Хасан е претседател на ИХФ 21 година, а пред неколку недели по петти пат го ре-избраа на оваа функција. Мустафа им честиташе на победниците за посвоенот злато – Норвешка и тоа беше во ред, потоа следуваше бламажата, кога наместо Франција за второпласирана ја прогласи Данска !?
Во своето завршно обраќање Мустафа рекол: „Норвешка е светски шампион, а Данска второ место, а Франција трето место. Честитки за тимовите и многу среќа на сите тимови на следното Светско првенство.
Втора Данска?, запрашал Мустафа откако некој му сугерирал да се поправи, ама си продолжи по свое !?