Натпреварот од 6. коло во групата Г од новоформиранот европско клупско фудбалско натпреварување Конференциската лига помеѓу екипите на Тотенхем и Рен кој требаше да се одигра во Лондон на 9 декември, а беше одложен поради неколку заразени играчи со коронавирусот во таборот на англискиот тим, е регистриран со службени 0:3 за францускиот Рен. Вака одлучи УЕФА, по што Англија и официјално останува без претставник во нокаут-фазата од ова натпреаврување.
Рен остана првопласиран, а второто место кое води во нокаут-фазата го задржа холандскиот Витезе, додека Тпотенхем е третопласиран