Барселона за 55 милиони го купи Феран Торес

Барселона активираше зимска трансфер „бомба“ и го договори трансферот на напаѓачот на Манчестер Сити, Феран Торес.

Феран Торес е голема желба на тренерот Чави, кој сака да го засили нападот во зимскиот преоден рок.

Шпанецот веднаш ја прифати понудата на Каталонците, па двата клуба водеа преговори, а сега конечно најдоа заеднички јазик.

Барселона за потписот на Торес ќе плати 55 милиони евра плус 10 милиони во име на бонуси. Играчот утре треба да пристигне во Барселона на лекарски прегледи.

Младиот шпански фудбалер во 2020 година од Валенсија се пресели во Манчестер Сити, за 28 милиони евра. Досега има одиграно 43 натпревари за „граѓаните“ и има постигнато 16 гола и 5 асистенции.

Треба да знаете
Последни објави