Бензема два пати прецизен во триумфот на Реал, нов пораз на Атлетико

Реал Мадрид го победи Атлетик Билбао на „Сан Мамеш“ со 2:1 во гол-шоу во првите 10 минути.

Кралевите го имаат фантастичниот Карим Бензема кој ги даде двата гола за нова победа и за прво место на табелата сега со 46 бода, 8 повеќе од Севилја, но со меч повеќе.

Бензема блесна во четвртата минута со еврогол за 1:0, што му беше и 400-от гол во кариерата, а потоа пак погоди само 180 секунди подоцна. Ојхан Санчет погоди за Атлетик во десеттата минута и тоа беше последниот гол на мечот.

Реал има 46 бода на првата позиција во Ла Лига, по што следи Севилја со 38, а во топ-4 се уште и Бетис со 33 и Рајо Валјекано со 30 бодови.

Атлетико Мадрид не личи на шампионската екипа од минатата сезона, а тоа го покажа и денешниот пораз од Гранада (1-2), кој е нивни четврти неуспех по ред во шпанската Ла Лига.

Жоао Феликс по само две минути ја затресе мрежата на домаќините за водство од 1-0, но потоа Гранада израмни на 1-1 во 17. минута.

Гранада направи целосен пресврт во вториот дел преку Молина, кој во 61. минута го матираше Облак и ги постави конечните 2-1.

Треба да знаете
Последни објави