Димитријевиќ после два месеци рехабилитација се врати во тимот на Валенсија

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ по два месеци пауза поради рехабилитација од повреда се врати на паркет во тимот на шпанската Валенсија. Младиот плејмејкер Димитриевиќ се повреди на натпреварот против Будуќност во Еврокупот. Неговото враќање беше пак на натпревар од Еврокуот во кој Валенсија пред својата публика е поразена од словенечкиот тим Цедевита Олимпија (85:97).

Димитријевиќ не беше во стартниот состав но на паркетото мина скоро 12. минута, период за кои постигна пет поени (1/2 за два, 3/3 за еден поен), а имаше и по еден скок, асисетенција и украдена топка.

За Валенсија ова беше трет пораз оваа сезона, со четири победи се наоѓа на четвртото место на табелата во групата Б зад Гран Канарија, Вирутс Болоња и Будуќност.

Треба да знаете
Последни објави