Интер рутински против Торино, реми на Рома

Интер со 1-0 го победи Торино и освои три нови бода, Рома по убедливиот триумф над Аталанта, вечерва одигра само 1-1 на свој терен против Сампдорија, со ист резултат заврши и дуелот меѓу Верона и Фиорентина.

Интер продолжува со одличните резултати и годината ја заврши со седма победа во низа, откако со минимални 1:0 го победи Торино. „Нероаѕурите“ на овој меч не доминираа како во претходните и потешко од очекуваното дојдоа до победа.

Интер на почетокот тргна одлично, но Торино спорадично се закануваше во неколку наврати.
Моментот на одлука се случи во 30-та минута, кога Дамфрис постигна гол од работ на шеснаесетникот.

Рома не успеа да слави против Сампдорија иако доминираше во текот на целиот меч. Шомуродов ја доведе „волчицата“ во водство во 70-та минута, но Габиадини израмни на 1:1.

Екипата на Верона не издржа и на „Бентегоди“ одигра реми против Фиорентина (1-1). Иако со погодокот на Кевин Лазања домаќинот водеше уште од 17. минута, популарната „виола“ преку Гаетано Кастровили освои бод и петти меч во низа не загуби во Серија А.

По 18 одиграни кола Интер е лидер во првенсвото со 43 боа, пред Наполи и Милан со 39, а на четвртата позиција е Аталанта со 38 поени.

Треба да знаете
Последни објави