И Дончиќ позитивен на Ковид-19

Најдобриот кошаркар на Далас маверикс, Лука Дончиќ доби позитивен тест на ковид-19, па поради тоа ќе мора да ги пропушти следните натпревари во НБА-лигата.

Американските медиуми пишуваат дека Дончиќ е еден од заразените кошаркари на Далас, додека вториот позитивен случај е Треј Бурк.

Дончиќ ги пропушти претходните пет натпревари поради проблеми со повреда на левото стапало и се надеваше дека во четврток ќе се врати на паркетот, но тоа нема да се случи.

Далас не може да смета на шест кошаркари поради проблеми со ковид-19, па екипата затоа сака да потпише 10-дневен договор со искусниот Брендон Најт.

Треба да знаете
Последни објави