Македонската ракометна репрезентација го имаше првиот собир за претстојното Европско првенство, кое ќе се одржи на почетокот на идната година (17 – 30 јануари) во Унгарија и Словачка. Селекторот и капитен на македонскиот државен тим Кирил Лазаров првата прозивка ја направи во хотелот „Александар Палас“, откако претходно сите ракометар и неговите соработници ги направија задолжителните тестирања за коронавирусот.
-Добра работа е што оваа национална селекција почнувајќи од 2012 година има континуитет и тоа ни е прва и основна цел до сега, а ќе биде и понатаму. Процесот на подмладување е почнат, неминовно е една генерација да замине и треба да создаваме нова. Но, секогаш се добредојдени искусни играчи од типот на Миркуловски, Стоилов, Митревски, Никола Марковски… Веруваме во убави работи, но од друга страна стоиме цврсто на земја и знаеме што не очекува. Ќе играме во тешка група со Словенија, Данска, која е олимписки, светски, европски првак и Црна Гора. Ќе направиме квалитетни подготовки, прво во Маврово, потоа во Скопје. Инсистирав на четири тест-натпревари. Сакаме да победиме и да ги видиме сите играчи со кои располагаме. Секој тренинг и натпревар ни се важни – порача Лазаров на собирот.
Македонската ракометна експедиција по комплетирањето веднаш ќе замине за Маврово, каде ќе почне со тренинзи.



