Ливерпул, Челси и Тотнем се последните полуфиналисти во Лига Купот на Англија, особено драматично беше на Енфилд.
Ливерпул и Лестер одиграа луд меч кој заврши 3-3 во регуларниот дел, а пенал серијата им припадна на домаќините. Лестер имаше супер отворање, со голови на Варди во 9. и 13. минута дојде до водство од 2-0.
Во 19. минута Окслејд Чембрлејн намали на 2-1, но Медисон во 33. минута ја врати предноста од два разлика за Лестер. Во 65. минута Диого Жота намали на 2-3. И кога се очекуваше дека Лестер сепак ќе го добие мечот, Минамино постигна гол во 95. минута и го спаси Ливерпул од пораз.
Во првите три пенал серии никој не направи грешка, Милер, Фирмино и Чембрлејн реализираа за Ливерпул, Тилеманс, Медисон и Олбрајтон погодија за Лестер.
Прв погреши Томас, голманот Келехер го одбрани неговиот удар, а за Ливерпул реализираше Кеита.
Ихеначо беше прецизен во петтата серија за Лестер, а потоа Минамино можеше да му донесе триумф на Ливерпул, но Шмајхел го одбрани неговиот удар и драмата продолжи.
Во шесттата серија Келехер уште еднаш блесна, го одбрани ударот на Бертранд, а Диого Жота погоди за Ливерпул и го реши натпреварот.
Тотнем со 2-1 го совлада Вест Хем, сите голови беа постигнати во првото полувреме.
Бергвајн донесе водство за Тотнем, Боуен изедначи, а победата за домаќините ја донесе Лукас Мура.
Челси со автогол на Јансон и погодок на Жоржињо, со 2-0 победи на гостувањето кај Брентфорд.
Синоќа Арсенал со 5-1 беше подобар од Сандерленд.



