Искусниот долгогодишен ракометен репрезентативец Никола Маркоски поради проблеми со повреда е неизвесно дали ќе може да се рехабилитира целосно и да се стави на располагање за настап на Европското првенство идниот месец. Поради ваквата ситуација со Маркоски, капитенот и селектор на државниот тим Кирил Лазаров, веднаш на денешната прозивка од хотелот „Александар Палас“ испрати дополнителна покана за младиот Марко Стојковиќ, кадетски репрезентативец од редовите на Алкалоид.
Стојковиќ ќе замина на подготовките во Маврово репрезентацијата, а таму ќе биде и Маркоски, чија повреда ќе се следи и ќе се прави обид за негова комплетна рехабилитација.
Македонија во Маврово каде ќе се подготвува на 27 и 29 декември ќе одигра два контролни натпреаври со Кувајт, а по новогодишните празници, репрезентацијата ќе се врати во Скопје на втор дел од подготовките и ќе има уште два теста против Израел на 3 и 4 јануари.



