Екипата на Лориент беше пред голема победа против лидерот и фаворит ПСЖ, но испушти водство во самата завршница и одигра реми (1-1).
Пресметката од 19. коло на Лига 1 понуди допадлив фудбал, а парижани беа пред пораз. Интересен момент беше црвениот картон на Серхио Рамос, бидејќи за четири минути двапати доби жолт картон и порано го заврши дуелот.
Лориент поведе во финишот на првиот дел, стрелец на голот беше Монкондуит во 40. минута за 1-0. Парижани доминираа, правеа шанси и се обидуваа долго да го скршат домашниот отпор. Тоа не им одеше од рака, а најблиску до реализација беа Вајналдум и Ди Марија. Иако на крајот ПСЖ остана со десетмина по наивниот црвен картон на Рамос, сепак успеа да победи. Маури Икарди со глава стрелаше во 91. минута за конечните 1-1 и бод на неговиот тим кај Лориент.
Олимпик Марсеј извлече бод во пресметката со Ремс, откако губеше и на крајот во драма дојде до израмнувачки погодок за 1-1 (0-0).
На останатите терени во ефикасен натпревар Лил славеше кај Бордо (2-3), Лион одигра реми со Мец (1-1), Монако го победи Рен (2-1), Монпелје го декласира Анжер (4-1), Ница го доби Ленс (2-1), Нант славеше кај Сент-Етјен (0-1) и Троа одигра реми со Брест (1-1). Одложен беше натпреварот меѓу Клермон и Стразбур.



