Специа го шокираше Наполи, Милан убедлив против Емполи

По победата над Милан во минатото коло, денеска стигна студен туш за Наполи кој на својот стадион загуби од Специја, росонерите со 4-2 славеа во Емполи.

Иако Наполи доминираше, гостите дојдоа до водство во 38. минута од натпреварот. По центаршут Хуан Жезус ја затресе сопствената мрежа и Специја поведе со 0-1. Во продолжението шансите пред голот на гостите се редеа. Лозано, Ди Лоренцо и Ангуиса се обидуваа и не успеаја.
Елмас почна од клупата, во игра влезе во 78. минута, а во судиското продолжение ја погоди пречката по удар со глава.

По ремито со Удинезе и поразот од Наполи, Милан им се врати на победите откако со 4-2 го совлада Емполи.

Фудбалерите на Милан одржаа чекор со лидерот Интер, откако се радуваа на гостувањето кај Емполи со 2-4 (1-2). Пресметката во Тоскана понуди дури шест погодоци, а иако „росонерите“ имаа огромни проблеми и беа без Ибрахимовиќ, Ребиќ, Леао, Кјаер, Калабрија, сепак моќно ги освоија бодовите.

Кеси даде два гола во првото полувреме, по еднаш погодија Флоренци и Тео Ернандез во вториот дел. Головите за Емполи беа дело на Бајрами и Пинамонти.

На крајот на календарската година и по половина натпревари во сезоната во Серија А лидер е Интер со 46 бода, четири повеќе од Милан (42) и седум повеќе од Наполи (39).

Треба да знаете
Последни објави