Чави: Да победевме ќе беше уште поубаво, но вака треба да изгледа Барселона

Барселона одигра за себе, но и за лутиот ривал Реал Мадрид на гостувањето кај Севилја (1:1) во заостанатиот натпревар од 4. коло во шпанската фудбалска Ла Лига. Барса не победи иако имаш играч повеќе на теренот речиси половина час поради исклучување на Жил Кунде, но е задоволна од прикажаното на „Санчез Писхуан“.

-Моравме да победиме, посебно откако имавме фудбалер. Победата ни беше важна поради приближување до местата кои водат во Лигата на шампионите, еден бод нема да ни заврши работа – изјави Чави Ернандез тренерот на Барселона и додава:

-Секогаш се чувствувам неубаво кога нема да победиме. Но, овојпат игравме навистина добро. Ова е Барселона што секој би сакал да ја гледа. Ни недостигаше малку повеќе трпение, но изгледавме одлично. Дембеле одигра многу добро, да влезеше топката во гол после неговиот шут, ќе зборувавме за извонредна победа.

Барселона се наоѓа на седмата позиција на табелата со 28 бода, а Севилја е второпласирана, со пет бода заостанување од лидерот Реал Мадрид, кој викендов киксираше со Кадиз (0:0) како домаќин и навивше Барселона да не загуби кај Севилја за да ја одржата пристојната разлика во трката за титулата.

Треба да знаете
Последни објави