Фудбалот на Сицилија банкротира, по Палермо и Катанија заминува во историјата

По Палермо и Катанија заминува во италијанската фудбалска Серија А. Двата клуба од  Сицилија, каде во март иднава година Италија ќе ја пречека Македонија во полуфиналениот бараж за пласман на СП-2022, поради банкрот заминувааат од фудбалската сцена. Палермо тоа го направи пред две години, а сега на истиот чекор беше принудена и Катанија. Ова е трет калчолигашки клуб кој оди во банкрот, зашто годинава тоа му се случи и на Киево од Верона.

Стариот Палермо за која настапуваа македонските репрезентативци Илија Несторвски и Александар Трајковски престана да постои, сменето беше името, грбот и клубот доби нов регистарски број, па започна се одново од Серија Д.

Истијот пат ја чека и Катанија кој до крајот на сезоната ќе ја водат тројца стечајни управници, а доколку во тој период се најде заинтересиран купувач ќе може да го задржи името и грбот на клубот. Во Серија А Катанија помина 17 години. Последен пат испадна во 2014 година.

Пред пандемијата клубот имаше долг околу четири милиони евра, за сега тој да достигне околу 15 милиони евра.

 

Треба да знаете
Последни објави