Коронавирусот за Боксинг деј одложи два меча во Премиер лигата!

Дуелите меѓу Ливерпул – Лидс и Вулверхемптон – Ватфорд од 19. коло во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција кои требаше да се играат за време на традиционалниот Боксинг деј се одложени. Причина за одложувањето е зголемениот број на заразени со коронавирусот. Лидс и Ватфорд беа клубовите кои побараа одложување на овие мечеви и тоа беше прифатено од раководството на Премиер лигата. Двата меча кои требаше да се играат во неделниот термин од 13:30 часот.

Новиот сој на омикрон постојано создава нов проблеми во Англија, а веќе беа одложени неколку дуели. Премиер лигата не сакаше да го одложи целото 19. коло кое традиционално се игра на Боксинг деј на 26 декември.

 

Треба да знаете
Последни објави