Џад Ло нема блескава репутација. Тој е меѓу најомразените мажи во Холивуд.
Џад од 1997 до 2003 година бил во брак со дизајнерката Сејди Фрост, со која има две деца – ќерка Ајрис и синови Раферти и Руди.
Потоа, од 2004 година бил свршен со Сиена Милер, која ја изневерил со дадилката, за што дозна целиот свет. Милер му простила, но раскинале, па повторно се смириле по неколку години. Меѓутоа, не им одело, па следеше дефинитивно раскинување.
Во 2009 година за време на снимањето на филмот „Шерлок Холмс“ во Њујорк, актерот добил дете со келнерката Саманта Бурк и набрзо го признал татковството на ќерката Софија.
Петтото дете, ќерката Ада (5), ја добил во кратката врска со кантавторката Кетрин Хардинг, која ја сретнал во лондонски бар.
Со 14 години помладата сопруга Филипа, која е лекарка, го добил шестото дете минатата година, за време на карантинот поради пандемијата на коронавирус.
Џуд и Филипа се среќни заедно и возбудени се поради детето – рекол неодамна извор близок на двојката.