Синот на Ел Чапо наредил убиство на пејач бидејќи одбил да пее на неговата свадба

Синот на нарко босот Хоакин Ел Чапо Гузман наводно го наредил убиството на познатиот мексикански пејач затоа што одбил да пее на неговата свадба.

Овид Гузман Лопез (31) неодамна беше обвинет од Стејт департментот за наводниот напад, иако сè уште не е познато дали убиството навистина е извршено.

Таткото на Лопез, Хоакин Гузман, попознат како Ел Чапо, моментално се наоѓа во затворот со максимална безбедност во Колорадо поради планирање убиство, перење пари и трговија со дрога.

Додека тој издржува доживотна затворска казна, американските власти сега го свртеа вниманието кон неговите четири деца, меѓу кои и Овид, кој е познат како „Стаорец“. Тој е висок член на картелот Синалоа.

Неговите браќа Иван Архивалд Гузман Салазар, Хесус Алфред Гузман Салазар и Хоакин Гузман Лопез исто така се бараат од властите за трговија со дрога.

– Браќата Гузман-Лопез моментално надгледуваат приближно единаесет лаборатории за метамфетамин во државата Синалоа, кои произведуваат околу 1.360 до 2.260 килограми метамфетамин месечно – наведуваат властите.

Во октомври 2019 година, Овид беше уапсен во неговиот роден град Кулијакан, но не остана долго во притвор.

Тој беше брзо ослободен бидејќи картелот се закануваше со одмазда и масовна смрт на цивили.

Американските власти нудат награда од 5 милиони долари за информации каде се кријат браќата.

Има и тројна награда за поранешниот партнер на Ел Чапо, Исмаил Ел Маја Замбад, која сега изнесува 15 милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави