Кошаркарите на Лос Анџелес клиперс рано утрово забележаа победа на гостувањето кај Сакраменто кингс со 105:89 и ја прекинаа серијата од три загубени средби. Најефикасен играч на натпреварот беше Тајрис Халибартон од Сакрамнето со 22 поена. Кај победникот најефикасен беше Ерик Бледсоу со 18 поени.
Клиперс со биланс 17 победи и 15 порази се на 5.место во Западната конференција, Сакраменто има ефект 13-20 и се наоѓа на 12. место.
Лошата серија продолжува и за Денвер, кој загуби од Оклахома со 108:94.Не помогна ниту рекордот на Никола Јокиќ кој ги постигна своите 9000 поени во најсилната лига на светот. Српскиот кошаркар одигра потпросечно за своите стандарди постигнувајќи 13 поени, а имаше и седум скока и две асистенции.
Никола помина нешто повеќе од 24 минути игра на паркетот, бидејќи тренерот Мелоун не го стави во игра во последната четвртина.
До победата Оклахома ја предводеше Гилдиз-Александер со 27 поени, 11 скока и 12 асистенции, а помош имаше и во Безли, кој додаде 17, како и Дорт, кој постигна 15 поени.
По точно 30 одиграни натпревари оваа сезона, Денвер има скор од 15 победи и исто толку порази, додека Оклахома дојде до 11. победа.
Атланта – Орландо 98:104
Бостон – Кливленд 111:101
Милвоки – Хјустон 126:106
Оклахома – Денвер 108:94.