Договорот на хрватскиот фудбалски интеранционалец Лука Модриќ со шпанскиот гигант Реал Мадрид завршува следното лето. Хрватот има 36 години, но сака да остане во редовите на „кралевите“ и да продолжи да игра.
Шпанските медиуми пишуваат дека Модриќ бара услови во новиот договор кои не се во склад со „политиката“ на клубот од „Сантијаго Бернабеу“. Реал Мадрид со играчи повозрасни од 30 години не потпишува договори подолги од 12 месеци. Модриќ бара новиот догвор да биде на две години, што е проблем иако желбата на клубот е јасна, тој да остане во клубот.
„Марка“ тврди дека Модриќ ќе остане во Реал, но ќе мора да ги прифати условите на клубот, во спротивно, како Рамос нема да биде дел од најтрофејниот тим со европски шампионски титули.