Популарната шпанска емисија „Ел Чирингито“ објави дека македонскиoт репрезентативен голман Столе Димитревски се наоѓа на списокот со поаскувани играчи кај фудбалскиот гигант Барселона.
Барселона која почна реконструкција на тимот со пристигнувањето на тренерот Чави Ернандез има намера да го ангажира чуварот на мрежата на шпанскиот Ла-лигаш Рајо Ваљекано, уште во текот на зимскиот преоден рок. Искусниот Димитреивски (27 г.) беше виновникот што во Барселона дојде до смена на тренерската клупа со одбранетиот пенал на Мемфис Депај и поразот од Рајо Ваљекано по што Роналд Куман доби отказ. Навивачите на Барса дури бараа статуа од Дон Столе пред „Камп Ноу“.
Тимот од „Камп Ноу“ го посакува Димитриевски во своите редови како замена за Нето. Прва опција за тренерот Чави останува германскиот интеранционалец Марк Андре Тен Штеген, но не е исклучено да го продадат поради финансиските проблеми. Каталонците во 2022 година можат да останат и без Нето Мурара кој сака да си замине затоа што е незадоволен од минутажата и статусот.
Македонскиот голман има договор со Рајо Ваљекано до 2024 година. Претходно Димитриевски на шпанската фудбалска сцена се докажуваше на голот на Гранада, Гимнастик Тарагона и Кадиз.
????EXCLUSIVA de @10JoseAlvarez ????
????”El BARÇA quiere FICHAR a DIMITRIEVSKI en enero”
‼️”Él está ahora en BARCELONA” #ChiringuitoBarcelona pic.twitter.com/FYmLT9DEB4
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) December 24, 2021