Најдобриот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах е во преговори за новиот договор со клубот, а Скај откри дека има едно посебно барање кое не се однесува на пари.
Менаџерот на Ливерпул, Јорген Клоп (54) неодамна даде исказ дека на Еѓипќанецот ќе му го продолжи договорот кој истекува во 2023 година, а сега Скај наведува дека феноменалниот напаѓач во преговорите за новиот договор бара од клубот да донесе нов напаѓач кој ќе му биде партнер.
Неодамна Ливерпул бил поврзан со најдобриот стрелец на Дортмунд, Ерлинг Халанд (21) и Џонатан Дејвид (21), а самиот Салах истакнал дека сака да остане во Ливерпул.
Моментално не е јасно кога и дали двете страни ќе постигнат договор, а Клоп рекол:
“Сакам тоа да се случи, но кога? Мене тоа воопшто не ме интересира”.
Претходно магазинот Мирор извести дека Салах од новиот договор бара месечната плата да му се зголеми на 583.000 евра со што неговата годишна заработка би била 28 милиони евра.
Салав во Ливерпул дошол во 2017 година од Рома, а претходно настапувал за Фиорентина, Челзи, Базел и Ал Мокавалун.