Уште една трегедија: Почина фудбалер за време на загревање

Фудбалерот на Мускат, 29- годишниот Мукалед Ал Ракади почина пред натпреварот од Професионалната лига на Оман помеѓу Мускат и Ал Суваик.

Тој само паднал на земја за време на загревањето, по што медицинските лица веднаш се обиделе да му помогнат. Сепак, немало можност за спас, а се претпоставува дека се работи за срцев удар.

Натпреварот поради трагедијата бил одложен, а сите играчи и навивачи на стадионот биле во шок кога ја дознале трагичната вест.

-Со тага во срцето ја прифаќаме Божјата волја. Управниот одбор на клубот и сите соработници на Мускат упатуваат најдлабоко сочувство до семејството на Ал-Радаки. Го молиме Бога да има милост кон него. Ние му припаѓаме на Бога и ќе се вратиме кај Бога, се вели во соопштението на клубот.

 

Треба да знаете
Последни објави