Витаминка со пакетчиња за штитениците наНационалниот сојуз на глуви и наглуви

Витаминка подели новогодишни пакетчиња за децата одНационалниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија. Пакетчињата преку локалните канцеларии на Сојузот се распределени и доставени до децата со оштетен слух и говор низ целата територија на Македонија.

„Со нашата свесност и општествена активност се обидуваме да ги следиме и соодветно да одговориме на секојдневните потреби на овие деца, како и на многу други кои се засегнати од социјален и економски аспект. Но со цел да им се долови празничната атмосфера, овој пат им подаруваме новогодишни пакетчиња, она на што секое дете најмногу се радува и се обидовме да опфатиме што е можно повеќе деца од целата држава и од различни категории. Витаминка и понатаму ќе помага на оние што имаат потреба и ќе го дава својот придонес за создавање еднакви можности за образовна,општествена, културна и социјална инклузија“, велат од Витаминка.

Со новогодишните пакетчиња за децата со оштетен слух и говор, Витаминка ја поддржа и иницијативата на заедницата #ТвитерДедоМраз.

Дополнително компанијата претпразнично додели пакетчиња и за децата од Здружението за поддршка, интеграција и ресоцијализација ЛИНК, донација за децата од СОС Детско село што беше организирана заедно со Капитол мол, за Граѓанската иницијатива „Мети си со класнето“,за Здружението за меѓународна младинска соработкаИнтерактив Битола и уште поединечни донации за училишта и за деца од социјално загрозени семејства.

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави