Незадоволен сопственик на „Тесла-ес“ во Финска го детонираше своето електрично возило – заедно со кукла со ликот на основачот на „Тесла“, Илон Маск – во знак на протест поради трошоците за замена на батеријата.
Туомас Катинен го разнесе својот Tesla S – модел 2012 година – со 30 килограми динамит откако му откажа батеријата и се соочи со сметка за поправка од 17.000 фунти (22.000 долари), пренесуваат британски медиуми.
Наместо да ги собере парите, 26-годишникот контактирал локални јутјубери Youtubers Pommijätkät т.н. „бомбаџии“, кои решиле да му помогнат да го разнесе автомобилот.
Цената на овој модел, за кој не важи гарнација дека е од постарите, е околу 73.990 фунти (100.000 долари).
„Тесла“ и Маск се соочија со бран поплаки за трошоците за замена на батеријата, при што гаражи од трети страни (независни сервиси) нудат замена за една четвртина од цената.