За да убиете пет минути додека патувате со јавен транспорт или помеѓу работни состаноци, која апликација ја отворате? За многумина тоа се Твитер, Инстаграм, Фејсбук, Тикток или апликации за игри. Но, за сè повеќе тинејџери, тоа е Зепето, модна метаверзна платформа за пријавување на својот аватар.
Зепето е симпатична апликација за социјално вмрежување базирана на 3D аватар и, за многумина, совршена мешавина од социјално вмрежување и игри. Суштината е во прилагодувањето. Слично како Memoji на „Епл“ или AR Emoji на „Самсунг“, Зепето веднаш ќе ви обезбеди аватар што изгледа слично на вас кога ќе направите селфи.
Вашиот аватар може да личи на тоа како изгледате во реалниот свет. Или, може да се преправате дека сте некој, или нешто, сосема поинакво. Тоа е половина од привлечноста на оваа апликација.
„Мојот аватар е она што сакам да бидам тој ден“, вели Моника Луиз, која е позната и како Моника Квин на многу популарната јужнокорејска апликација за социјално вмрежување во метаверзумот.
„Во реалниот свет, не е лесно да ја скратиме косата и потоа да ја пораснеме, но во дигиталниот свет, тоа можеме да го направиме со само еден клик“.
Што точно е метаверзум? Тоа е алтернативен свет на интернет – малку виртуелна реалност и малку зголемена реалност. Зепето е најголемата метаверзум-платформа во Азија, со речиси четвртина милијарда корисници – лансирана пред само три години.
Околу 70% од овие корисници се жени, некои се млади тинејџерки, што е невообичаено, бидејќи во повеќето ривалски метаверзални платформи како што е Roblox доминираат гејмери кои се воглавно мажи. И 90% од нив живеат надвор од Јужна Кореја.