Бонучи не ја споменува Македонија, размислува како преку Португалија ќе стасаат до СП

На 24 март 2022 година фудбалската репрезентацијата на Италија во Палермо ќе ја пречека Македонија во полуфиналето од групатра Ц во баражот за пласман на завршницата од Светското првенство во Катар – 2022. Победникот од оваа пресметка на 29 март во Порто или Коња ќе игра со подобриот од пресметката Португалија – Турција. Фаворитските улоги  во овие полуфунални пресметки од групата им припаѓаат на Италија и Португалија.

Искусниот италијански одбранбен играч Леонардо Бонучи (34 г.) не крие дека не размислува многу на дуелот со Македонците, туку повеќе им се насочени мислите кон можното финале со Португалија и пресметката со неговиот поранешен клупски соиграч од Јувентус, Кристијано Роналдо, кој оваа сезона се пресели по вторпат во Манчестер јунајтед.

Бонучи го предупреди Роналдо  дека „ќе претрпи удари“ доколку Италија и Португалија го играат решавачкиот меч за тоа кој ќе патува на завршницата од СП-2022.

– Разговарав со Кристијано и се пошегувавме за можниот натпревар Португалија против Италија. Ќе видиме што ќе се случи на теренот, Кристијано знае дека ќе претрпи некои удари. Мораме да се концентрираме на тоа што ќе правиме на теренот, а потоа во март повторно ќе се сретнеме и убеден сум дека ќе одиграме два одлични натпревари –рече Бонучи за „Раи Спорт“.

Италија не успеа да биде првопласирана во својата квалификациска група за Светското првенство, завршувајќи на второто место зад Швајцарија.

– Мораме да заборавиме на минатото и да се фокусираме на она што следува. Она што се случи во октомври ќе ни послужи како лекција. Сакам да биде како подарок за моите синови, бидејќи тие никогаш не ја виделе Италија да игра на Светско првенство – вели капитенот на „старата дама“.

Треба да знаете
Последни објави