Новиот тренер на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, Ралф Рангник веќе прави планови како ќе изгледа тимот во блиска иднина. Германскиот стучњак Рангник наскоро највил ангажирање на млад и талентиран негов сонародник Флоријан Вирц од редовите на Баер Леверкузен. Станува збор за талентиран тинејџер кој веќе дебитираше за националниот тим на Германија.
Според германиските и англиските медиуми Рангник е подготвен да издвои 60 милиони фунти за потписот на Вирц, кој треба да биде иднината на тимот од „Олд Трафорд“. Вирц игра во средниот ред, слично на позицијата на Бруно Фернандеш, но Рангник веројатно има визија за тоа како најправилно да се искористи големиот потенцијал на младиот сонародникот. Сценариот е Манчестер јунајтед да го ангажира Вирц во летниот преоден рок, бидејќи Баер не би сакал да остане без еден од најдобрите играчи среде сезона.