Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио објави дека напаѓачот на германскиот фудбалски бундеслигаш Борусија Дортмунд, младиот корпулентен норвешки интеранционалец Ерлинг Халанд одлучил каде ќе ја продолжи својата кариера. Во изборот од клубовите кои се заинтересирани за услугите на гол-мајсторот Халанд (21 г.) Норвежанецот го одбрал Реал Мадрид.
Халанд пристигна во Борусија во зимата 2020 година од Салцбург за 20 милиони евра. За клубот од Дортмунд досега одигра 75 натпревари и постигна 76 голови. Тоа е причината поради што на листата со заинтересирен клубови за услигите на голгетерот се најдоа најдобрите европски клубови Баерн, Реал, Барселона и Манчестер сити.
Тој веќе побарал од својот менаџер да се договори со Реал, објави италијанскиот новинар. Следното лето би можел да се раздели со Дортмунд за 75 милиони евра. Кај бундеслигашот заработува околу осум милиони евра годишно, а во Мадрид се очекува да заработува двојно повеќе.