Барселона се одлучи за Торес, а Реал Мадрид ќе го купи Олмо

Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона нема да го ангажира поранешниот играч на повеќекратниот хрватски фудбалски првак Дионамо Загреб, Дани Олмо кој сега настапува за бундеслигашот Лајпциг.Тренерот  на Барселона, Чави Ернандес во изборот на нов напаѓач за тимот од „Камп Ноу“ меѓу шпанските репрезентативци Олмо и Феран Торес се одлучил за членот на англискиот Манчестер сити.

Раководството на каталонскиот за Торес ќе плати 55 милиони евра плус 10  милиони со бонуси. Лајпциг нема да му прави проблеми на Олмо да ја замени средината, но ќе го продаде доколку некој од тимовите ја плати откупната клаузула од 75 милиони.

Барселона е во лоша финансиска состојба, па нема пари да ангажира зимово и втор напаѓач, Олмо. Шпанскиот репрезентативен напаѓач од редовите на Лајпциг ќе си ја бара среќата на друго место, најверојатно кај најголемиот ривал на Барселона, актуелниот лидер во Ла Лигата,  Реал Мадрид, кој покажал интерес да го купи уште во зимскиот предоен рок.

Треба да знаете
Последни објави