Лестер го доби поважниот меч од двата што ги играше со Ливерпул во кус рок и вечерва со победа од 1:0 освои важни бодови во Премиерлигата. Пред една седмица во четвртфиналето на Лига купот двапати прокоцкаа предност од по два гола и загубија на пенали, но вечерва се реваншираа.
Адемола Лукман беше вистински џокер на Лестер и влезе во игра во 56. минута и само 180 секунди подоцна го постигна единствениот гол на мечот.
Претходно во 16. минута Мохамед Салах пропушти шанса да го доведе Ливерпул во водство. Каспер Шмајхел одлично го одбрани неговиот удар од белата точка, но на одбиената топка Египќанецот лошо реагираше со глава и успеа да ја погоди само пречката на празниот гол на данскиот чувар на мрежата.

Двете големи промашувања на Салах можете да ги погледнете ОВДЕ.
За Салах ова е прв промашен пенал после четири години и тоа во октомври 2017 година против Хадерсфилд. За „фараонот“ ова е само втор промашен пенал во Премиерлигата, а досега имаше серија од 15 реализации од белата точка.
Лестер се проби на 9 место со 25 бода, а Ливерпул остана на второто место со 41 бод, колку што има и Челзи, а и двете екипи имаат шест бода помалку од лидерот Манчестер сити по 19 кола.



