Виери: На Италија ќе и биде ѓаволски тешко да ја елиминира Македонија

Поранешниот легендарн италијански фудбалски репрезентативец Кристијан Виери, кој во дресот на „аѕурите“ одигра 49 натпревари постигна 23 гола, не е многу задоволен што неговата селекција ќе разигрува со Македонија во групата Ц за пласман на СП-2022. Поранешниот напаѓач на Јувентус, Интер, Милан, Аталанта, Торино, Фиорентина, Сампдорија, како и на Атлетико Мадрид и Монако, смета дека за актуелниот европски првак Италија кој важи за апсолутен фаворит, ќе има ѓаволски тешла задача во мартовскиот меч против Македонија., која во досегашните две пресметки со „аѕурите“ има добри изданија со едно реми во Тоириино (1:1) и несреќен пораз во Скопје (2:3) доживеан со резултаски пресврт во судиското продолжение. Овие факти одат во прилог на психолошка предност за македонската репрезентација.

Виери во интервју за италијанските медиуми напоменува дека Италија, како актуелен европски првак, уште сега на три месеци до мечот со Македонија е под невиден и неверојатен притисок и токму поради тоа, уште потешко ќе им биде на избраниците на Роберто Манчини да играат во Палермо на 24 март.

-Сами се ставивме во голем проблем и веднаш да кажам дека ќе ни биде многу тешко против Македонија. Тој прв меч е најтежок, после би дошол меч за пласман со Португалија или Турција. А, притисокот е невиден и неверојатен и под таков притисок многу тешко е да одиграш. Момците направија голем успех, знаат колку вреди и колку тежи дресот на репрезентацијата, ама сега ни треба чекор повеќе. Ние на Еуро 2020 не отидовме под притисок дека мора да го освоиме, туку најважно беше да одиграме добар турнир и добар фудбал. Тоа беше доволно. Сега, ќе ни требаат два дополнителни меча, кои ниту се лесни, ниту се шега. А, едноставно е – Италија мора да игра на Светско првенство. Затоа притисокот ќе биде огромен, а играчите ќе треба да покажат дека ќе може да се носат со него, порача Виери.

Италија го пропушти последното СП во Русија во 2018 година откако Шведска во баражот ги елиминираше во два меча.

Треба да знаете
Последни објави