(Видео) Морант го реши Феникс со звукот на сирената

Изминатата ноќ во најсилната кошаркарска лиога на светото – НБА се одиграа седум натпревари на кои епитетото ѕвезда на вечерта го понесе Џа Морант од Мемфис откако со 33 поени го предводеше својот тим до победа на гостувањето кај Феникс (113:114). На пет секунди до крајот, Девин Букер со тројка од далеку им донесе водство на Сонцата од 113-112, но последниот збор го имаше Морант, кој ја замолчи публиката на 0,5 секунди до крајот со кош од тешка позиција.

По натпреварот, Морант својот дрес му го подари на таткото на ѕвездата на Санс, Крис Пол. Феникс за првпат сезонава има два порази по ред.

Бруклин славеше на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс со 108:124 и останува лидер на Источната конференција

Џејмс Харден со 39 поени, 15 асистенции и осум скока беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Маркус Морис заврши со 24 поени.

Треба да знаете
Последни објави