Тимот на Антонио Конте одигра само реми на гостувањето кај Саутемптон, додека Вест Хем запиша висока победа против Ватфорд и ја потврди добрата форма.
Хери Кејн постигна трет гол во исто толку мечеви на Тотенхем, но по три победи тимот на Антонио Конте заглави за 1:1 реми кај Саутемптон, иако домаќините повеќе од едно полувреме имаа играч помалку.
Џејмс Ворд-Прауз постигна фантастичен гол во 25. минута за Саутемптон, но потоа Мохамед Салису доби црвен картон за фаулот над Сон Хеунг-Мин во шестнаесетникот, за Кејн во 41. минута да биде прецизен од белата точка на „Сент Мерис“. Кејн сметаше дека го реши мечот со голот во второто полувреме по додавањето на Хери Винкс, но ВАР откри дека се работи за минимален офсајд.

И покрај ова, Антонио Конте е првиот менаџер на Тотенхем кој нема пораз во првите седум меча во Премиерлигата. место.
Вест Хем со 1:4 славеше кај тимот на Ватфорд, иако домаќинот по само 4 минути игра преку Денис дојде до стартно водство. Соучек и Бенрама се погрижија за пресврт до одморот. Во вториот дел, Марк Нобл од пенал и Никола Влашиќ го комплетираа триумфот.
Вест хем ги претекнаа Тотенхем на четвртото место, додека Саутемптон се на 13.
Кристал Палас го совлада Норвич со 3:0.



