Македонската радио телевизија ќе ги пренесува настапите на машката ракометна репрезентација од Европското првенство кое ќе се одржува во Унгарија и Словачка од 13 до 30 јануари идната година, потврдија денеска од националниот програмски сервис. Тоа значи дека љубителите на ракометот во Македонија ќе можат да ги следат во живо настапите на „црвено-жолтите“.
Македонија е во групата A која се игра во унгарскиот град Дебрецин, заедно со селекциите на Словенија, Данска и Црна Гора. Првите две репрезентации од групата, ќе се пласираат во следната фаза.
Распоред на натпреварите на Македонија на ЕП:
13. јануари 18:00 Македонија – Словенија
15. јануари 18:00 Македонија – Црна Гора
17. јануари 20:30 Македонија – Данска



