Арсенал без тренерот Артета ќе излезе на мегдан со лидерот Манчестер сити

Коронавирусот создава се поголеми проблеми во англиската фудбалска Премиер лига каде има се поголем број на одложени натпревари. Денеска е потврден нов случај од редовите на Арсенал, кој за дербито против актуелниот шампион и лидер Мначестер сити нема да може да смета на советите од тренерот Микел Артета. Овој натпреавр е закажан за 1 јануари, а Артета кој добил позитивен тест ќе остане во изолација и нема да може да се надмудрува со својот „учител“ Пеп Гвардиола.

Арсенал има четири последовни победи во Премиер – лигата и се наоѓа во одлична форма, а сега ќе го има најголемиот предизвик против лидерот на табелата. „Топчиите“ успеаја да стигнат до четвртата позиција на табелата и сакаат да ја задржат во битката за ЛШ каде конкуренти им се Тотенхем, Вест Хем и Манчестер јунајтед.

 

Треба да знаете
Последни објави