(Видео) Јокиќ го блокираше Голден стејт да избори продолжение

Во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА, ноќеска се одиграа осум натпревари, во кои дури на пет победија гостите. Деневер предводен од српскиот интеранционалец Никола Јокиќ се радуваше на гостувањето кај еден од најдобрите тимови во лигата Голден стејт 89:86. Најзаслужен за ваквиот епилог е токму Јокиќ кој на три секунди до крајот на натпреварот го блокираше ударот на Куминг за израмнување и не дозволи да се игра продолжение.

Српскиот кошаркар мечот го заврши со нов дабл-дабл учинок од 22 коша, 18 скокови и пет асистенции.

Најефикасен на мечот сепак беше Стеф Кари со 23 постригнати кошеви.

Резултати: Орландо – Милвоки 110:127, Мајами – Вашингтон 119:112, Торонто – Филаделфија 109:114, Хјустон – ЛА лејкерс 123:132, Минесота – Њујорк 88:96, Њу Орлеанс – Кливленд 108:104, Голден стејт – Денвер 86:89, Сакраменто – Оклахома 117:111.

Треба да знаете
Последни објави