И коронавирусот ја растури Барселона

Покрај лошите резултати оваа сезона, новиот тренер на шпанскиот фудбалски гигант Барселона, Чави Ернандес деновиве има голем проблем со коронавирусот. Пандемијата наметната од коронавирусот ја растури Барселона. Според каталонските медиуми Чави останал само со 9 фудбалери и 3 голмани. Ова значи дека не може да состави ниту тим од 11 фудбалери, а веќе на 2 јануари треба да игра против Мајорка.

Играчите кои се на располагање на Чави во овој момент се: Тер Штеген, Нето, Инаки Пења, Дест, Пике, Араухо, Мингуеза, Ерик Гарсија, Рики Пуиг, Кутињо, Френки Де Јонг и Лук Де Јонг.

 

Треба да знаете
Последни објави