Во новата 2022 година, тимот на Интер ќе добие нов сопственик и ќе стане најбогатиот клуб во светот на фудбалот. Интернешнл Бизнис Тајмс објави дека ПИФ (Инвестициски фонд од Саудиска Арабија) за милијарда долари ќе ги купи акциите на Интер, и ќе стане доминантен сопственик на тимот од Милано.
Познато е дека Интер има финансиски проблеми, односно компанијата Сунинг која од 2016 година ги контролира 70% од правата на клубот од Милано. Во сезоната 2020/21 е остварена загуба од 320 милиони, а во моментов секој месец се бележат загуби од 15 милиони долари.
Продадени беа Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими за 150 милиони евра, и се покрија дел од дупките, а не беше продолжена и соработката со Антонио Конте поради преголемата плата.
Со примопредавањето на Интер, тој ќе стане најбогатиот клуб во Светот пред Њукасл, а Саудиска Арабија ќе стане еден од главните „играчи“ во светот на фудбалот рамо до рамо со Катар (ПСЖ) и Обединетите Арапски Емирати (Манчестер сити).



