Кудуз раскина со Вардар и се врати во Динамо Букурешт

Македонскиот шампион Вардар остана без едно од засилувањата кои дојдоа минатото лето, Хрватот Анте Кудуз, кој веќе си замина од Скопје и од првиот ден од новата 2022 година ќе биде ракометар на Динамо Букурешт.

Тој вечерва веќе беше промовиран во новиот клуб, од каде што всушност дојде во црвено-црниот табор.

Хрватот беше прогласен за најдобар ракометар во Романија во сезоната 2019/20.

Треба да знаете
Последни објави