Ракометната репрезентација, видно подмладена успеа да слави и на вториот пријателски меч во Маврово против селекцијата на Кувајт, овој пат со 22:21. Победата беше обезбедена со пресврт, бидејќи противникот имаше водство од поголемиот дел на мечот.
На нешто повеќе од минута до крајот резултатот го израмни Ѓеоргиев кој погоди за 21:21.
Следниот напад на Кувајт заврши со пробивање, а Георгиевски реализираше уште еднаш за 22:21 за Македонија на 15 секунди до крајот од средбата. Кувајт имаше време за уште еден напад, а имаше зицер шут кој заврши со одбрана на Томовски, кој беше херој во последните моменти од средбата.
Томовски имаше 8 одбрани, Митревски 6, додека кај стрелците најефиксен беше Ѓоргиев со 6 погодоци, Костески и Маџоски по 4.



