Тимот со најмногу освоени европски шампионски титули, шпанскиот Реал Мадрид има намера во летниот преоден рок да ги доведе во своите редови двајцата најмалди и нјаперспективни напаѓачи кои се во преден план на фудбалска сцена. Станува збор на францускиот интернационалец од редовите на ПСЖ Килијан Мбапе (23 г.) и норвешкиот гол-мајстор корпулентниот Ерлинг Халанд (21 г.) од бундеслигашот Борусија Дортминд. Двајцата се од проектот на Флорентино Перез за создавање на нов моќен тим на „кралевите“ пренесуваат шпанските медиуми.
„Кралевите“ ставија на трансфер – листа неколку големи ѕвезди на кои не смета веќе тренерот Карло Анчелоти, како Герет Бејл, Марсело, Еден Азар, Иско, Лука Јовиќ, Маријано Дијаз.
Реал Мадрид има план да ја активира откупната клаузула на Ерлинг Халанд за 75 милиони евра, а Килијан Мбапе би пристигнал на „Сантијаго Бернабеу“ како слободен играч по завршувањето на догворната обврска со ПСЖ. Овие двајца фудбалери ќе бидат меѓу најплатените фудбалери во светот.



