Режисерот Адам Мекеј појасни дека присуството на техничката екипа во една сцена од филмот било намерен избор, а не грешка во монтажата.
Во една сцена од црната комедија на „Нетфликс“, екипата се гледа во позадина на кадарот, што ги натера фановите да тврдат дека тој и неговиот монтажен тим направиле очигледна грешка додека го снимале филмот.
Но, Мекеј тврди дека филмот требало да прикаже членови на техничката екипа со маски на лице.
Колега режисер Бен Колер спорната сцена ја објави на Тик-ток со опис „Уупси“, а Меккеј веднаш реагираше и откри дека намерно го документирал „чудното искуство со снимање во услови на глобална пандемија“.
Тој твитна покрај сторијата од Е!: „Добро око!“
„Намерно ја оставивме таа снимка од екипата за да го одбележиме чудното искуство со снимањето“.
Мекеј претходно рече дека има моменти кога филмот го отсликува она што се случува во реалниот свет – иако режисерот смета дека станува збор за повеќе од здравствената криза со коронавирус.
Мекеј (53) го режира сатиричниот научнофантастичен филм со Леонардо ди Каприо и Џенифер Лоренс во главните улоги. Оваа црна комедија раскажува приказна за комета што ќе ја уништи Земјата.