На кошаркарскиот натпревар од женската лигра во БиХ меѓу Јединство и Орлови се случи инцидент. Прво две кошаркарки се степаа додека Јединство имаше напад, а потоа настана вистински хаос на паркетот.
Овие немили сцени се случија во третата четвртина, а исклучување добија Наида Рашчуклиќ од домашната екипа, како и Тамара Рајиќ и Милица Зељковиќ кај гостите.
Орлови триумфираа во мечот со 95:63 и за тимот од Бања Лука тоа беше 10. победа во првенството оваа сезона.