Гвардиола: Во декември никој не станал шампион

Тренерот на актуелниот англискиот првак и лидер во фудбалскиот премиерлигашки шампионат Манчестер сити, Пеп Гвардиола порача дека иако имаат голема предност од осум бода пред Челзи, а девет пред Ливерпул на средината од сезоната, „граѓаните“ не се веќе шампиони ! Според многумина аналитичари и медиуми на Островот веќе го прогласија Манчестер сити за старо-нов првак. „Граѓаните“ после вчерашната победа со 1-0 на гостувањето кај Брентфорд максимално ги искористи киксовите на ривалите, Челзи и Ливерпул го губат чекорот, а серијата од десет победи во низа на Сити сега му дава комоција за продолжение на сезоната, но Гвардиола предупредува дека ништо не е завршено, ниту решено.

-Во кигра се уштре 54 бода. Во декември никој не станал шампион. И ние ќе загубиме мечеви, нѐ чекаат пресметки со Арсенал, Челзи, Саутемптон… Мора да останеме фокусирани, зашто ништо не е завршено, ниту решено. Прв кој нѐ чека е Арсенал, кој игра во добра форма и веројатно ова е најдобриот Арсенал во последните неколку години, вели Гвардиола.

 

Треба да знаете
Последни објави