Даниел Редклиф бил тајно вљубен во Хелена Бонам Картер

Даниел Редклиф призна дека се вљубил во Хелена Бонам Картер кога работеле заедно за серијалот „Хари Потер“.

И покрај 23-годишната разлика во возраста, Даниел (32), кој го глумеше титуларното момче волшебник во филмската франшиза, откри колку многу му се допаѓала колешката Хелена (55), која ја толкуваше Белатрикс Лестрејнџ.

За време на неговото појавување во ТВ-емисијаta „20 години Хари Потер: Враќање во Хогвортс“ , Даниел прочита белешка што ѝ ја испратил на Хелена кога снимањето на франшизата заврши во 2011 година.

На неa пишува: „Драга ХБК, ми беше задоволство да бидам твој соработник и оној кој секогаш го држеше твоето кафе. Те сакам и посакувам да сум се родил 10 години порано за да имав шанса“.

Даниел не е единствената ѕвезда што се вљуби на сетот на „Хари Потер“. Ема Вотсон (Хермајни Гренџер), претходно призна дека била вљубен во Том Фелтон, кој го толкуваше злобниот Драко Мелфој.

Оваа година се одбележува 20-годишнината од премиерата на „Хари Потер и каменот на мудроста“, првиот од серијалот филмови за малиот волшебник, базиран на книгите на Џ.К. Роулинг.

„20 години Хари Потер: Враќање во Хогвартс“ повторно ја обедини актерската екипа.

Треба да знаете
Последни објави