Романсата на Хари Стајлс и Оливија Вајлд се вжештува

И покрај 10-годишната разлика во возраста и негодувањата во јавноста, романсата на поп-ѕвездата Хари Стајлс и актерката Оливија Вајлд станува сè посериозна.

Двојката првпат ја објави својата врска во јануари, но работите станаа сериозни бидејќи Оливија (37) го запозна Хари (27) со своите деца, а сега таа поминува доста време со неговата мајка Ана.

Извор за весникот „Сан“ изјави: „Ова на почетокот изгледаше како шоу-биз, двајца гламурозни луѓе се спојуваат, но сега очигледно е многу повеќе од тоа.“

„На почетокот малку се воздржуваа, но сега кога работите се посредени, вистинското време беше да се направи следниот чекор.“

„Двајцата се навистина возбудени, а за Хари ова е најсериозното нешто и најубавото чувство што тој го имал за некого,“ рече инсајдерот.

Во меѓувреме, Оливија неодамна откри дека е посреќна од кога било, и покрај „лажниот наратив“ околу нивната романса.

„Навистина е предизвикувачки да корегирате лажен наратив. Но, мислам дека она што го сфаќате е дека кога сте навистина среќни, не е важно што мислат непознатите за вас. Сè што ви е важно е реалното, што сакате и кого сакате,“ изјави Оливија.

Треба да знаете
Последни објави