Кијану Ривс би сакал неговата партнерка од „Матрикс“, Кери Ен Мос да се појави во следниот филм за Џон Вик.
„Тоа би било прекрасно“, извика 57-годишниот актер во текот на заедничкото интервју за „Пипл“ со Мос, кога беше прашан за потенцијалнниот кастинг на акциониот серијал.
Ривс потоа се сврте кон Мос (54) за да ѝ предложи да глуми еден од безмилосните убијци кои трагаат по насловниот лик, Џон Вик.
„Сакаш да глумиш убиец?“ ја праша, а таа возбудено одговори: „Би сакала… Ќе почнам да вежбам“.
Ривс, кој е добро познат по својата несебечност и добродушност, ги пофали актерските вештини на Мос.
„Во сите твои изведби, твоите очи, јас секогаш гледам што е зад очите, што комуницира. И секогаш постои таква присутност, па дури и во ранливоста, сила.
Кујну и Кери Ен се главните ликови Нео и Тринити во култната науучнофантастична трилогија „Матрикс“, која започна пред две децении а неодамна доби и четврто продолжение.