Манчестер јунајтед синоќа на „Олд Трафорд“ во 20. коло од англиската фидбалска премиерлигашка конкуренција го победи Барнли со 3:1.На трибините на „Олд Трафорд“ беше и легендарниот тренер на „црвените жаволи“ Сер Алекс Фергусон кој денеска го слави 80 роденден.
Навивачите на Јунајтед покажаа транспарент со кој му го честитаа роденденот на еден од најдобрите фудбалски тренери на сите времиња. Ова го воодушеви Фергусон, кој ја искористи приликата сето тоа да го „улови“ со својот мобилен телефон.
Ферги со Манчестер јунајтед како тренер освои вкупно 13 шампионски трофеи во Премиер лигата, како и двапати Лигата на шампионите.



