Во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА се одиграа три натпревари, а еден, меѓу Денвер и Голден стејт беше одложен поради голем број заразени со Ковид-19 во двете екипи. Возбудлива пресметка имаа Бруклин и Филаделфија која ја добија гостите со 110:102.
Филаделфија предводена од расположениот за игра центар, Џоел Ембид, ја доби битката со ѕвездите на Бруклин, Дурант и Харден. Ембид постигна 34 поени и имаше 7 скока, а за еден поен ги надмина и Дурант и Харден, кои постигнаа по 33 поени.
Ноќеска во НБА се одиграа само уште два меча во кои Милвоки го растури Орландо (136:118), додека Вашингтон предводен од Бил Бредли го совлада Кливленд (110:93).



