По Елмас и Димитриевски по вторпат е позитивен на коронавирусот

По информацијата дека македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас од редовите на италијанскиот Наполи по вторпат е инфициран со коронавирусот, стигна вест и од Шпанија та дека ист е случајот и со репрезентативниот голман Столе Димитриевски од редовите на Рајо Ваљекано. По речиси година и пол, македонскиот чувар на мрежата Димитриевски повторно е позитивен на корнавирусот кој прави проблеми веќе две години шриум светото на нормалното живеење.

Димитриевски ќе го пропушти неделното гостување на Рајо Ваљекано кај Атлетико Мадрид.  Во изминативе денови Димитриевско покрај тоа штро е актуелен со добрите одбрани кои го вбројуваат меѓу најусепешните во Шпанија, па и во Европа. Во првиот дел од сезоната во Ла Лига Димитриевски е прворангиран според процентот на одбранети удари, а на евро-сцената е сметен на четвртата позиција во изборот на десетте најдобри чувари на мрежата. Поради овие статистички податоци стаса и најавата дека можно е зимово да направи трансфер во Барселона.

Треба да знаете
Последни објави